Никнува нова холандска фабрика за печурки вредна 25 милиони евра

Bez autora
Feb 02 2014

Поставен камен темелникот на новата фабрика за печурки на холндски инвеститор во индустриската зона Овче Полее. Се планира оваа фабрика да вработи вкупно 450 лица во наредните неколку години. Во првата фаза ќе бидат вложени 3,5 милиони евра , а за пет години вкупната инвестиција ќе изнесува околу 25 милиони евра. Повеќе години се работеше на подготовка на оваа фабрика и сегашното и претходното општинско раководство беа вклучени и конечно инвеститорот се одлучи да инвестира во Македонија и токму тука во Свети Николе, изјави Никола Груевски, премиер на Владата на Р. Македонија Новата фабрика ќе биде поттик и за останатите иневеститори да ги вложат своите средства во Македонија, како земја висико рангирана во редот на најдобрите бизнис-реформатори во Европа, итакна Груевски.

Никнува нова холандска фабрика за печурки вредна 25 милиони евраПоставен камен темелникот на новата фабрика за печурки на холндски инвеститор во индустриската зона Овче Полее. Се планира оваа фабрика да вработи вкупно 450 лица во наредните неколку години. Во првата фаза ќе бидат вложени 3,5 милиони евра , а за пет години вкупната инвестиција ќе изнесува околу 25 милиони евра.

- Повеќе години се работеше на подготовка на оваа фабрика и сегашното и претходното општинско раководство беа вклучени и конечно инвеститорот се одлучи да инвестира во Македонија и токму тука во Свети Николе - изјави Никола Груевски, премиер на Владата на Р.Македонија

Новата фабрика ќе биде поттик и за останатите иневеститори да ги вложат своите средства во Македонија, како земја висико рангирана во редот на најдобрите бизнис-реформатори во Европа, итакна Груевски. Од друга страна, ќе донесе голем бенифит за жителите на околните места. Во таа насока беше и пуштањето во употреба на целосно реконструираниот асфалтен пат кој ги позврзува селата Мустафино и Ерџелија.

- Се работи за инвестиција од приближно 200 000 евра, 11 милиони и 200 000 денари, во должина од 3 километри. На луќето овде тоа многу и значи и мене ми е мило што и јазвршивме таа работа изјави Груевски

За дваесетина дена ќе отпочне и изградбата на автопатот Штип Миладиновце, најголемата капитална инвестиција на Истокот.

- Овој автопат ќе биде со широчина од 27, 4 метри и должина од 47 километри- изјави Љупчо Ѓеоргиевски, директор на Агенцијата за државни патишта.

Изградбата на автопат, е од големо значење и за граѓаните и за бизнисмените за да ги лоцираат своите фабрики во негова непосредна близина.

Индустриското производство над очекувањата

Растот на индустриското производство е над очекувањата и за декември и за целата мината година. Во декември имаме 9,5 отсто раст на индустриското производство споредено со декември минатата година, а просекот за целата година е 3,2 и тоа е над нашите очекувања. Тоа е добро кога растот на индустриското производство е над очекувањата и над планирањата, а е резултат на многу работа.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање каков е растот на индустриското производство во декември и во целата измината година по пуштањето на патот Ерџелија Мустафино.

- Тоа е резултат на многу работа, на многу реформи, на создавање добра клима, привлекување и охрабрување инвеститори, директна помош во решавање на нивните проблеми од страна на Владата и на министрите, многу проекти со кои сме во директна комуникација со компаниите и со фабриките обидувајќи се да им помогнеме на секој можен начин во рамки на законите. Се разбира, тоа е резултат и на залагањата на самата бизнис-заедница во Македонија и на самите сопственици и инвеститори на овие фабрики и со заеднички сили работите се движат во добра насока. Очекувам да продолжи така и во текот на оваа година растот да биде висок, изјави премиерот Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik